Aldıjana Hadzıc
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
САКРАМЕНТО (АА) - Најмалку 25 лица загинаа во шумските пожари кои избија во сојузната американска држава Калифорнија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во градот Парадајс и во неговата близина, на северниот дел на земјата, пронајдени се 14 тела, со што бројот на загинатите на тоа подрачје се зголеми на 23.
Исто така, на југот, недалеку од Малибу, загинаа две лица, јавува „Би-би-си“ (BBC).
Околу 250.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови и да побараат посигурни подрачја.
Пожарите избија во четвртокот во округот Бат и продолжија да се шират на околните подрачја. Пожарникарите беа немоќни во обидите да го запрат огнот да не го уништи градот Парадајс.
Исто така, пожарот кој во петокот избувна недалеку од Малибу се рашири и до доцна синоќа зафати подрачје од 33.500 хектари.
Метеоролозите предупредуваат дека временските услови погодни за ширење на огнот би можеле да продолжат и следната недела.