Muhammed Bilal Kenasari
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео го повика Иран да престане со производство на нуклеарно оружје и да ја запре поддршката на терористичките групи на Блискиот исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето во американскиот стратешки истражувачки институт "The Heritage Foundation" истакна дека во спротивен случај на Иран ќе му бидат воведени најостри санкции во историјата.
Нагласи дека е потребно да се постигне нов нуклеарен договор со Иран, предлагајќи услов од 12 точки кои би се нашле во новиот договор.
Помеѓу другото, Помпео предложи Иран да ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) за сегашните и претходните активности за прашањето на производство на нуклеарно оружје.
Една од точките се однесува и на потребата од запирање на производството на ураниум, вклучувајќи и тешко-водни реактори.
Американскиот државен секретар предложи да Иран како што беше случај во претходниот договор, им дозволи на инспекторите на IAEA да имаат пристап објектите и да го запре тестирањето на балистичките ракети.
Во една од точките се наведува дека Техеран треба да престане со заканите на соседните земји, вклучувајќи го Израел.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај изјави дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран, напоменувајќи дека повторно ќе ги воведе сакнциите на Иран кои се суспендирани во 2015 година.
Договорот помеѓу Иран и 5+1 (САД, Франција, Кина, Русија, Велика Британија и Германија) ја ограничува иранската програма на обогатување на ураниум за да не би можел да се употреби за развој на атомско оружје, а за возврат на Иран му се ублажени меѓународни санкции, од кои повеќето се укинати во јануари 2016 година.