Kasım İleri
21 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) донесоа забрана за користење електронски уреди во патничката кабина за летовите од повеќе од 10 земји од Средниот Исток и Африка кон САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објавија американските медиуми, која се темели на информации од одговорни американски претставници, патниците кои ќе летаат кон САД од земјите на Средниот Исток и Африка, во кабината за патници не ќе можат да внесат ДВД-плеер, таблет, лаптоп, со напомена дека овие удреди ќе треба да бидат оставени во багажот на авионот.
Директивата е дадена како безбедносна мерка, а се очекува оваа регулатива да започне да се применува од денес.
Министерството за внатрешни работи на САД не сакаше да даде изјава во врска со ова прашање. Министерството за надворешни работи, пак, соопшти дека започнале со информирање на авиокомпаниите.
Не се дадени подетални информации за кои авиокомпании и за кои земји се однесува забраната.
- Соопштение од авиокомпаниите во Јордан -
„Ројал јорданиан ерлајнс“ преку својот профил на „Твитер“ објави дека на летовите на компанијата кон САД е забрането да се внесуваат електронки уреди во патничката кабина.
Компанијата подоцна во својот твит ја даде следната изјава:
„Според добиените инструкции од страна на надлежното министерство на САД, ги информираме сите наши патници дека на сите наши летови од САД и кон САД, извесен период е забрането да се внесуваат електронски и електрични уреди во патничката кабина. Доколку се почувствува потреба од мобилни телефони и медицински уреди за време на летот, овие уреди не спаѓаат во групата на забранети уреди.
Авиокомпанијата во соопштението наведе дека ова ново правило ќе започне да се применува од вторник, а забраната ќе се спроведува на летовите кон Монтреал, Њујорк, Чикаго и кон Детроит.
- И Саудиска авиокомпанија го потврди ова тврдење -
Весникот „Ел Ријад“ (El Riyad) од Саудиска Арабија објави вест во којашто се вели дека саудиските власти го известиле своето цивилно воздухопловство во врска со оваа регулатива.
„Саудија ерлајнс“ преку својот профил на Твитер ги потврди овие тврдења.
Оваа авиокомпанија објави дека од 22 март, во патничките кабини на оваа компанија се забранува да се внесува каков било електронски уред поголем од мобилен телефон.