свет

Русија: „Можно е затворање на сирискиот воздушен простор“

„Благодарение на ракетниот систем за противвоздушна одбрана „С-300“, можно е затворање на одредени воздушни простори во земјата, доколку тоа е потребно. Ракетните системи „С-300“ се во потполност за одбранбена намена...“

Emre Gürkan Abay  | 25.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
Русија: „Можно е затворање на сирискиот воздушен простор“

Moskva

МОСКВА (АА) - Директорот на Kанцеларијата за непролиферација и контрола на оружјето при руското Министерство за надворешни работи, Владимир Јермаков, изјави дека благодарение на ракетниот систем за противвоздушна одбрана „С-300“ (S-300), што ќе ѝ биде даден на Сирија, ќе биде можно затворање на воздушниот простор во подрачјата во кои тоа е потребно, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во изјавата што Јермаков ја даде за руската информативна агенција РИА, тој вели дека повеќе се невалидни претходно упатените апели до Русија, на Сирија да не ѝ се доделува ракетниот систем за противвоздушна одбрана „С-300“.

Осврнувајќи се на изјавата на Џон Болтон, советникот за национална безбедност на САД, дека доделувањето на развиениот одбранбен ракетен систем на Сирија ќе ги зголеми тензиите во регионот, Јермаков рече: „Ракетните системи „С-300“ се во потполност за одбранбена намена. Затоа изјавите на САД ги сметаме за претерани.“

Јермаков го истакна ставот дека Русија има право на своите партнери да им даде поддршка на полето на одбраната, додавајќи: „Благодарение на ракетниот систем за противвоздушна одбрана „С-300“, што ќе ѝ биде даден на Сирија, можно е затворање на воздушниот простор во подрачјата во кои тоа е потребно.“

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, вчера изјави дека во наредните две недели на Сирија ќе ѝ биде даден модернизираниот ракетен систем за противвоздушна одбрана „С-300“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека ракетниот систем за противвоздушна одбрана „С-300“, што ќе ѝ биде доделен на Сирија, нема да биде користен против трети земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın