Emre Gürkan Abay
13 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги предупреди Соединетите Американски Држави (САД) да не се мешаат во внатрешните прашања на Венецуела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров му го пренел предупредувањето на официјална Москва директно на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, со кого синоќа имаше телефонски разговор.
Во соопштението се наведува дека ситуацијата во зафатената со криза Венецуела била главна тема на разговорите на Лавров и Помпео.
Истакнувајќи дека Русија е подготвена за ситуацијата во Венецуела да разговара под покровителство на ОН, Лавров ги осуди плановите на САД за воведување нови санкции на таа јужноамериканска земја.
Лавров, исто така, ги предупреди САД да не преземаат никакви интервенции во Венецуела, вклучувајќи и воени.