????? ????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
ПЕНКИНГ (АА) - Најголемата светска компанија за онлајн трговија Алибаба вчера по повод Ден на осамените лица во Кина организираше фестивал на продажба со намалени цени и оствари вкупна продажба во вредност од 14,3 милијарди американски долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Ден на осамени лица во Кина се одбележува традиционално на 11 ноември, а кинеската компанија Алибаба и минатата година по тој повод организираше акциска продажба. Овогодинешнот промет на интернет страницата alibaba.com за 60 отсто е поголем во однос на продажбата остварена истиот ден минатата година.
Кинеската новинска агенција Xinhua јавува дека најпродавани беа мобилните телефони, часовници, телевизори, мед и колачи. За време на 24 часовната акција кинеската компанија Алибаба вчера оствари вкупно 710 милиони наплати на роба, а речиси 86 000 продажба во секунда, што до сега е незабележан успех во онлајн продажжбата.
Сопственикот на компанијата Jack Ma изрази надеж дека Денот на осамените лица ќе стане настан од глобален карактер, а најави и дека по повод вчерашната рекордна продажба ќе аплицира за влегување во Гинисовата книга на рекорди.
Алибаба вчера го собори и рекордот на продажба во еден час, кога во привот час од акцијата имаше промет од 3,9 милијарди долари.
За достава на продадените артикли ширум светот компанијата ќе ангажира 1,7 милиони курири за достава, 400.000 возила за дистрибуција и 200 авиони.
Онлајн продажбата е се популарна низ целиот свет,a посебно во земја со најголем број на жители, Кина, во која 80 отсто од тој вид на продажба ја реализира токму Алибаба.
Се претпоставува дека ваквиот начин на купување е многу полесен за жителите во густо населени градови но и на оние кои живеат подалеку од центарот на градот. Успех на овој вид трговина лесно може да се види и по се помалиот број на луѓе кои посетуваат трговски центри во Кина.