Дводетната политика на Кина „ќе произведе“ уште 30 милиони работници до 2050
Новата политика се очекува да придонесе зголемување на стапката на пораст на земјата за 0,5 проценти
????? ??????????-???????
11 Ноември 2015•Ажурирано: 12 Ноември 2015
Пекинг
ПЕКИНГ (АА) – Кина очекува неколку десетина милиони работници да се приклучат кон работната сила на земјата до 2050 година, изјави официјално лице во вторникот.
Ванг Пеи’ан, портпарол на Националната комисија за здравство и планирање на семејство, на прес-конференција во Пекинг, во вторникот, изјави дека дводетната политика ќе помогне во стабилизација на економскиот пораст и ќе додаде околу 30 милиони работници на возраст од 15 до 59 години до 2050 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред две недели владеачката Комунистичка партија најави дека ќе ја напушти еднодетната политика и ќе им дозволи на двојките да имаат по две деца.
Новата политика се очекува да придонесе и за зголемување на стапката на пораст на земјата за 0,5 проценти, додаде Ванг.
Кина ја претстави еднодетната политика во доцните 1970-ти години со цел да го заузда порастот на популацијата за да ја обнови економијата со ограничување на паровите кои живеат во најурбаните средини на едно дете а оние што живеат во најруралните средини на две деца.
Еднодетната политика дозволуваше раѓање на второ дете само доколку првото е женско.
Дводетната политика на Кина „ќе произведе“ уште 30 милиони работници до 2050