Levent Tok,Selen Temizer
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
ИДЛИБ / АНКАРА (AA) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад отворија коридор за да им овозможат влез на терористите на ДЕАШ во зоната на деескалација на судири во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозициските и противничките сили на режимот се судрија со силите на Асад и ДЕАШ.
Како што јавија новинарите на АА кои се наоѓаат во регионот, режимот на Асад преку регионот кој го контролира источно од Идлиб им отвори пат на терористите на ДЕАШ за да продолжат понатаму кон северозападот.
По повлекување на режимот на Асад и групите кои ги поддржува Иран, ДЕАШ без судири продолжи да се движи по коридорот.
Терористичката организација преку коридор од 30 километри ги зазеде положбите во селата Дербије и Ниха.
Истовремено, ДЕАШ продолжува со жестоки судири против опозициските групи во регионите Ум Халахил и Зерур. Исто така, се продолжуваат и судирите на опозициските групи со силите на Асад.
Додека силите на режимот и ДЕАШ полека напредуваат во деловите југоисточно од Идлиб, Русија против опозициските сили пружа поддршка од воздух.
- Соработка на Асад и ДЕАШ
Режимот на Асад и терористите на ДЕАШ веќе подолг период спроведуваат тактичка соработка против опозицијата во зоната на деескалација на судирите во Идлиб.
Режимот во октомври 2017 година им отвори пат на терористите на ДЕАШ преку Хунајифи, источно од Хама, за да дојдат до регионите во овој град кои се под контрола на опозицијата.
ДЕАШ и режимот на Асад движејќи се во координација, а благодарејќи на поддршката на Русија од воздух, остварија значителен напредок против опозициските групи.
Според податоците на АА, режимските сили и ДЕАШ во последните три месеци, јужно и југоисточно од Идлиб зазедоа територија од 3.035 километри квадратни, на која се наоѓаат околу 100 села. Заземената територија ја премина линијата на набљудување која е утврдена во согласност на преговорите во Астана.