Şerife Çetin
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
БРИСЕЛ (АА) - Откако претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека донел одлука за повлекување од нуклеарниот договор со Иран, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, нагласи дека Европската Унија (ЕУ) ќе делува обединето, пренесува Anadolu Agency (AA).
САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран „ЕУ ќе делува обединето во однос на политиките на претседателот на САД, Доналд Трамп, за нуклеарниот договор со Иран и за трговијата“, напиша Туск на социјалните мрежи.
Туск потсети дека лидерите на ЕУ на 17 мај ќе се состанат во бугарскиот главен град Софија, и дека на овој Самит ќе разговараат околу нуклеарниот договор со Иран и за трговските прашања.
- Франција, Британија и Германија изразија жалење поради одлуката на Трамп -
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, нагласи дека Франција, Велика Британија и Германија изразуваат жалење поради одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување од нуклеарниот договор со Иран.
„Франција, Британија и Германија изразуваат жалење поради одлуката на Трамп за повлекување од нуклеарниот договор со Иран. Системот за спречување на ширењето на нуклеарното оружје е во опасност“, напиша Макрон на социјалните мрежи.
Според соопштението од Кабинетот на британската премиерка, Тереза Меј вечерва остварила телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Макрон.
Во соопштението се истакнува дека лидерите разговарале околу одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Иран, и се се согласиле да го продолжат нуклеарниот договор со Иран.
- Нетанјаху: Ја поздравуваме одлуката за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран -
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување од нуклеарниот договор со Иран.
Според соопштението на Кабинетот на израелскиот премиер, Нетанјаху одлуката на САД за нуклеарниот договор ја опиша како еден храбар чекор.
„Израел целосно ја поддржува храбрата одлука на Трамп со која се откажува лошиот договор постигнат со терористичкиот режим во Техеран“, се вели во соопштението.
Нетанјаху тврди дека нуклеарниот договор го зголемува маневрирањето на Иран на Блискиот Исток. „Од самиот почеток Израел беше против овој договор кој наместо да го спречи патот на Иран кој води кон развивање нуклеарна бомба, тој му го олеснува патот“, додаде Нетанјаху.
Исто така, израелскиот премиер тврди дека со нуклеарниот договор Иран ја развивал балистичката ракетна сила, и дека претставува закана за целиот свет, пред сè за Блискиот Исток.
„Затоа, Израел смета дека Трамп направи еден историски чекор. Упатуваме благодарност до храбрата администрација (на САД), пред сè до претседателот (Доналд) Трамп. Израел истовремено упатува благодарност до администрацијата на САД поради нејзината одлучна борба против терористичкиот режим во Техеран“, нагласи Нетанјаху.