Emre Gürkan Abay
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија Владимир Путин, ги повлече санкциите за туристичките и чартер летовите кон Турција и за таа намена потпишан е документ кој од денес стапува во сила, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објаснувањето од Кремљ, се наведува дека се повлечени санкциите за туристички и чартер летови кон Турција и за таа намена претседателот на Русија Путин го потпиша документот кој стапува во сила од денеска.
Во образложението се истакнува дека по средбите со Турска влада во насока на нормализирањето на турско-руските односи, вклучувајќи ги и економските, се согласиле да се повлечат воведените економски санкции од 28 ноември 2015 година.