Emin İleri
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Во Истанбул денеска е одржана мирна прошетка во текот на која е побарано ослободување на младите Палестинци Ахед Тамими и Фавзи ал-Џунеиди, кои се наоѓаат во израелските затвори, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите, меѓу кои беа бројни членови на турската хуманитарна организација ИХХ, најпрвин се собраа пред истанбулската гимназија Галатасарај.
Тука истакнаа транспаренти на арапски, англиски, хебрејски и турски јазик, со пораки кои бараа ослободување на Тамии и Џунеиди
Од платото пред гимназијата демонстраните се упатија кон џамијата во квартот Шишли. По доаѓањето пред џамијата, се обрати адвокатката и член на ИХХ Ѓулден Сонмез.
Таа порача дека Фавзи ал-Џунеиди е дете кое е изведено пред воен суд и дека како таков пример е забележан во светот. Како што наведе, Фавзи во неколку наврати е изведен пред воениот суд, продолжен му е притвор и постојат обиди да му се суди за тероризам.
„Ние знаеме дека, освен овие две деца (Тамими и Џунеиди), и над стотици други палестински деца се изложени на исто постапување. Израел ги затвора младите и преку измачување настојува о нив да убие решителност и желба за борба. Врз основа на деца кои беа затворени па пуштени на слобода, целиот свет знае на какви злосторства беа изложени", порача Сонмез.
Нагласи дека мачењата на палестинските деца се вршат и покрај усвоените резолуции на Обединетите нации (ОН) и другите одредби на меѓународното право.
„Со денешната мирна прошетка сакаме да порачаме дека овие деца не се сами. Палестинските деца се деца на сите муслимани", истакна Сонмез.
Палестинецот Фавзи ал-Џунеиди (16) стана симбол на отпорот во Кудс, откако светот ја виде неговата фотографија на која се гледа како со превез на очите го носат израелските војници.