Ayşe Aktaş
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Нацрт-законот за продолжување на санкциите на САД кон Иран на полето на енергетиката е усвоен без потпис од страна на претседателот на САД, Барак Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест информираше дека нацрт-законот со кој се бара санкциите кон Иран да бидат продолжени за уште 10 години, бил усвоен без одобрување од страна на претседателот Обама.
Ернест соопшти дека се искористени сите овластувања за да се повлече договорот што го постигнаа администрациите на САД и Иран за отстранување на санкциите на нуклеарно поле.
Според Уставот на САД, по поминувањето на еден нацрт-закон пред Конгресот, потребно е тој да биде потпишан од страна на претседателот или доколку биде одбиен од претседателот, тогаш има период од 10 дена. Во случај доколку претседателот не започне со процесот на потпишување на нацрт-законот, тогаш доколку Конгресот е на одмор, нацрт-законот не се озаконува, но доколку работи, тогаш Конгресот го озаконува без одобрување од претседателот.
Во 2015 година, САД и Иран постигнаа договор за нуклеарна програма, и сѐ додека Иран се придржува до договорот, законот за санкции нема да влијае на овој договор.
Врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи изјави дека овој закон е во спротивност со договорот за нуклеарната програма и доколку биде усвоен, ќе реагираат. Иранскиот претседателет Хасан Рухани ги обвини САД за прекршување на условите од договорот.