Admir Fazlagic
16 Април 2016•Ажурирано: 17 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Петти ден по ред како граѓаните протестирајќи го изразуваат своето незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари против кои се водат истраги во моментов, јавува Anadolu Agency (AA).
И вечерашните протести започнаа околу 18 часот, кога граѓаните почнаа да се собираат пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во центарот на Скопје, во знак на поддршка на оваа институција. Потоа, од таму се упатија кон зградата на Собранието, после што се отидоа под Триумфалната порта, која ја граѓаа со боја, јајца, а не изостана и пишувањето на графити и се упатија кон зградата на Владата. При крај на вечерашниот протест демонстрантите се упатија во правец на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но полицискиот кордон не им дозволи да се приблишат до зградата на седиштето на владејачката партија.
"Бараме правда", "Оставка за Иванов" и "Нема правда, нема мир", беа дел од слоганите кои и вечерва граѓаните ги извикуваа барајќи оставка од претседателот Ѓорѓе Иванов. Одложување на изборите закажани за 5 јуни и формирање експертска влада, која, како што рекоа демонстрантите би создала услови за фер и демократски избори, се барањата кои тие и вечерва ги искажаа.
На вечерашниот протест на кој присуствуваа илјадници граѓани беше мирен и ненасилен, а здружените граѓански организации најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните денови.