Yusuf Hatip
18 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Врховниот суд во Исламабад ја одби жалбата на припадниците на терористичката организација ФЕТО кои се жалеа на неодамнешната одлука на пакистанските власти според која 108 наставници вработени во 23 училишта поврзани со ФЕТО до 20 ноември со семејствата мораат да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот суд во својата одлука наведека дека продолжението на визите на турските државјани кои се вработени во училиштата "PakTurk", поврзани со терористичката организација ФЕТО, не влегуваат во рамките на правосудството, и ја одби жалбата. Вработените на овие училишта упатени се на адреса на Министерството за внатрешни работи на Пакистан.
На судењето на Врховниот суд присуствуваа и официјални лица на пакистанското МВР, а тие порачаа дека визите на вработените во училиштата "PakTurk",поврзани со ФЕТО истекле на 9 септември, и дека никој од нив не поднел барање за продолжување.Во образложението исто така е наведено дека правосудството во оваа земја не е институција која одлучува за тоа дали на некој ќе му биде продолжена визата.
Министерот за внатрешни работи на Пакистан, Кодти Нисар Али Хан на 15 ноември соопшти дека властите побарале од 108 вработени наставници во 23 училишта поврзан со терористичката организација ФЕТО, до 20 ноември со семејствата да ја напуштат земјата.
Тој додаде дека пакистанските власти очекуваат вкупно 400 лица да ја напуштат таа земја.