Besar Ademi
18 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и амбасадорот на Германија во земјата, Томас Герберих, ја потпишаа Декларацијата за признавање и замена на возачките дозволи, со тоа што ќе се овозможи взаемно признавање на возачките дозволи на двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната церемонија на потпишување на Декларацијата беа присутни и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, како и неговиот германски колега, Хеико Мас, кој престојува на официјална посета во Македонија.