Ekipa
25 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на 27 земји членки на Европската Унија (ЕУ) го ратификуваа Договорот за Брегзит и документот за политичка декларација кој во иднина ќе ги определи односите со Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„27 земји членки на ЕУ го ратификуваа Договорот за напуштање (на Велика Британија - Брегзит) и документот за политичка декларација кој ја определува иднината на односите меѓу ЕУ и Британија“, напиша претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Договорот беше потпишан 40 минути по почетокот на состанокот.
Се предвидува текстот на договорот за напуштање на Унијата, подготвен од страна на преговарачите на ЕУ и Британија, да овозможи правна јасност во сите прашања кои ќе произлезат како резултат на Брегзит.
Со ратификуваниот документ за политичка декларација постои цел да се ориентираат односите кои во иднина ќе се воспоставуваат меѓу Британија и ЕУ.
Во понатамошниот процес, документот за Брегзит, кој содржи 585 страници, треба да се ратификува во Европскиот парламент и во Парламентот на Велика Британија.
Со референдумот одржан на 23 јуни, 2016 година, Британија донесе одлука за напуштање на Европската Унија. Британија на 29 март 2019 година официјално ќе ја напушти ЕУ.