Dzihat Aliju,Oktaj Omeragik
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадата на Турција во Македонија, поради искажани навреди против Република Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, до овластениот обвинител во Македонија поднесе кривична пријава против лицето Е. А., кој истовремно е државјанин и на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на амбасадата на Република Турција се вели дека лицето Е.А, кој е државјанин и на Република Македонија и на Република Турција, преку својот профил на социјална мрежа користел изрази со кои им наштетил на угледот на Република Турција и на претседателот Ердоган.
Во соопштението се вели дека поради тоа што лицето користело иронични, навредливи и несоодветни зборови, до овластениот обвинител во Република Македонија против него е поднесена кривична пријава.
„Имајќи ги предвид блиските односи меѓу двете земји, предлагаме овластениот обвинител да ги направи потребните чекори во насока на казнување на осомничениот против кого е поднесена кривична пријава“.
Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара во врска со овој случај изјави: „Почитувани обвинители на пријателската и братска држава Македонија, како и во сопствената земја, нашата држава поднесе кривична пријава против лицa кои преку социјалните мрежи ги навредуваат турските раководители“.
Амбасадорката Кара истакна дека адвокатите на амбасадата на Турција во Македонија одблиску ќе го следат целиот случај и додаде: „Уверени сме дека лицето ќе ја добие заслужената казна. Оваа тужба е поднесена до вас со цел да ги предупредиме оние непромислени кои отсега натаму би направиле нешто слично“.