Can Erözden
08 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
ДОХА (АА) - Катарскиот емир нема да се придружи на Самитот на Советот за заливска соработка којшто започнува денес во Саудиска Арабија, изјави за Anadoly Agency (АА) официјален претставник на Катар.
Официјалниот претставник, кој побара да не биде именуван, рече дека Тамим бин Хамад ал Тани нема да присуствува на 39. Самит на Советот за заливска соработка во Саудиска Арабија, и дека Катар ќе го претставуваат само државните министри.
Катарската новинска агенција (QNA) објави дека официјалната покана за овој Самит била испратена до Ал Тани од саудискиот крал Селман бин Абдулазиз.
Поканата му била предадена на Султан бин Саад ал Мураихи, катарскиот државен министер за надворешни работи.
Блокот од шест држави од Арапскиот Залив богати со нафта го сочинуваат Советот за заливска соработка, а тоа се Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Оман, Бахреин и Катар.
Во јуни минатата година, Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин заедно ги прекинаа врските со Катар, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот.
Овие држави предводени од Саудиска Арабија, исто така, наметнаа ембарго кон Катар, кој остро ги отфрли обвинувањата за поддршка на тероризмот.