Zehra Ulucak
02 Август 2018•Ажурирај: 03 Август 2018
АНКАРА (AA) - Во пожарот кој ја зафати сојузната американска држава Калифорнија, досега изгореа повеќе од 1.000 куќи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Противпожарните службеници наведуваат дека во шумскиот пожар, кој минатата седмица избувнал во тоа подрачје, загинале 6 лица. Само на подрачјето на Ридинг изгореле 1.058 куќи.
Гласноговорникот на Кабинетот за шумарство и заштита од пожари, Мајк Мохлер, изјави дека за само еден месец е потрошено повеќе од четвртина од годишниот буџет, односно, најмалку 125 милиони долари.
Потврдено е и дека е нанесена материјална штета на 488 објекти. Наведено е дека 35 отсто од шумските пожари се ставени под контрола.
Од почетокот на седмицата, од подрачјето Мендосина и Лејк Кантри се евакуирани околу 20.000 лица.