İlkay Güder
26 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Гласноговорникот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, коментирајќи ги заканите за воведување на санкции кон Турција од страна на Соединетите Американските Држави (САД), кои денес ги упати американскиот претседател Доналд Трамп, доколку не се ослободи американскиот свештеник Ендру Крег Брансон, потсети дека САД до денес не презеле ништо во врска со ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Американската администрација, која до денес не презеде ништо во врска со ФЕТО, мора да знае дека нема да успее со заканите кон Турција, користејќи го како изговор прашањето кое е во надлежност на независното правосудство на Турција“, наведе Калин.
Тој додаде дека Турција во никој случај не ги прифаќа заканите на американската администрација.
„Неприфатлив е заканувачкиот тон на американската администрација кон нашата земја, сојузник во рамките на НАТО“, нагласи Калин, истакнувајќи дека САД треба што побрзо да го преиспитаат кажаното.
„Соединетите Американски Држави (САД) би требало што побрзо да ги преиспитаат своите ставови и да се вратат на конструктивната рамка без понатамошно нанесување штета на нивните сопствени интереси како и на нашите сојузнички односи“, наведе Калин.