Mahmut Atanur
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
ЏАКАРТА (АА) - Во земјотресот со интензитет од 7 степени според Рихтер, кој во неделата го потресе островот Ломбок во Индонезија, животот го загубија 105 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека бројот на загинатите во земјторесот се искачи на 105 лица.
Тој нагласи дека под урнатините на џамија која се сруши во северниот дел на Ломбок, спасено е едно лице. Според него, не се знае точната бројка на лицата заглавени под урнатините на џамијата, иако претпоставуваат дека се наоѓаат неколку лица, и дека продолжуваат операциите за пребарување.
Нугрохо додаде дека од островот Гили се евакуирани околу 7.000 туристи.
Се истакнува дека во тек се поопсежни операции за пребарување и спасување во местото на настанот, како и во руралните подрачја. Властите претходно нагласија дека во земјотресот се повредени 236 лица, а над 20 илјади лица се евакуирани во безбедни зони.
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија, претходно информираше дека земјотресот е евидентиран на длабочина од 15 километри, 27 километри североисточно од островот Ломбок. Истовремено Агенцијата го укина алармот издаден поради можноста од појава на цунами.