БЕЛГРАД (AA) – Кристина Масларевиќ -
Србија сака политичка стабилност во регионот, разговори и дијалог, како и да гледа кон иднината, при тоа нема да ја менува својата политика и реторика и нема да дозволи било кој да ја понижува, изјави во интервју за Anadolu Agency (AA) првиот претседател на Владата на Србија во технички мандат и министерот за надворешни работи на таа земја Ивица Дачиќ, одговарајќи на прашањето за актуелната полемика помеѓу политичарите во БиХ и Србија и за прашањето за одбележувањето на годишнината од геноцидот во Сребреница.
„Владата на Србија, сите ние, вложивме многу во политичката стабилност на регионот. Покренавме и дијалог со Приштина, Вучиќ беше во Сребреница и избегна убиство, а до денес денес никој не соошти ниту кој го нападна, ниту кој тоа го организираше", рече Дачиќ.
Потсети дека „целиот свет ја поздрави одлуката на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, минатата година да присуствува на одбележувањето на годишнината во Сребреница" и додаде дека Србија и донирала на Сребреница одредени средства „не да ја купи нивната наклонетост, како што тие велат, туку да го помогне развојот на тој крај".
„Целиот свет ги поздрави таквите чекори, а начелникот на општината Сребреница, очигледно во договор со Бакир Изетбеговиќ, и дел од бошњачките политичари, намерно држи воено-подбуцнувачка реторика, која не дека не дава да се води политиката на помирување, туку секогаш се враќа во конфликтите од минатото. Ние сме отворени за преговори, но Србија нема да ја понижува никој", рече Дачиќ
Кога станува збор за Предлогот на резолуцијата за Сребреница упатена на Народното Собрание на Србија, кој го предложија пратеничките групи ЛДП-СДА Санџак и ЛСВ-Зелена партија, Дачиќ истакна дека Народното собрание на Србија е единствен парламент на сите народи на поранешна Југославија кој ги осуди злосторствата над некој друг народ.
„Кога парламентот на БиХ, Хрватска и другите ќе усвојат било кој документ во кој се осудува злосторство против Србите, тогаш може некој евентуално нешто да ни пререче. Ние таа декларација ја донесовме, повикувајќи се на пресудата на Меѓународниот суд на правдата. А тоа што некои пратеници го предложиле сега, знаете, она што не поминало во Советот за безбедност на ОН, па не очекувајте дека ќе помине во Собранието на Србија".
Шефот на српската дипломатија избегна директен одговор на прашањето за тоа кога ќе бидат решени крупните политички прашања помеѓу Сараво и Белград, како што се утврдувањето на границата на двете земји, имотот, користење на ресурсите на БиХ, без надомест или нерешени имотно-правни односи, говорејќи дека тие прашања „стојат отворени" помеѓу БиХ и Србија веќе со години, токму поради тоа што ние немаме време да се бавиме со високи теми, кој повеќе е виновен".
- Како може обичниот народ, а не можат политичарите-
„Бакир Изетбеговиќ лично ми има речено дека се најлоши ситуациите кога доаѓаат некои годишнини и тогаш почнуваат расправии кој кому повеќе треба да му се извини. Ќе се исклучат камерите, нема повеќе политичка кампњат, што сега да правиме, како живее овој обичен народ. Дали тој обичен народ кој доаѓа од БиХ, Хрватска во Белград има некој знак на прашање или кога ние ќе отидеме во Сараево, Бања Лука, Мостар или кога нашите луѓе ќе отидат на море во Хрватска? Како може обичниот народ така да живее, а не можат политичарите?“, запраша Дачиќ.
Шефот на српската дипломатија, кој е и претседател на Владата во технички мандат, смета дека стабилноста е клучен збор и дека Србија и понатаму ќе тежнее да низ проектите договорени на седниците на Владата на Србија и Советот на министри на БиХ и Владата на босанскиот ентитет Република Српска да ги продлабочат односите.
„Врзани сме едни за други. Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија се центраниот триаголник во овој момент на балканската политика и мислам дека никој четврти не ни е потребен. Дајте на нас самите да ги решаваме тие прашања и сигурен сум дека така подобро ќе ги решиме, отколку ако се меша некој од страна", вели Дачиќ.
На прашањето за тоа какво би можело да биде влијанието на Брексит на состојбата на европските интеграции во регионот, одговори дека Велика Британија го избра својот пат, кој претставува голем удар за ЕУ, и потсети дека Обединетото кралство никогаш не ни било земја која во полна мерка ги прифати сите инструменти на европската заедничка политика од Шенгенот па се до еврото.
„Србија треба да ја продолжи својата политика, да ги исполнува обврските, да го продолжи својот европски пат, но самата ЕУ, ми се чини, треба да извлече поуки од сето ова што се случи. Кога станува збор за односот кон земјите кои сакаат членство во ЕУ. Србија апсолутно не е задоволна со односот на ЕУ кон неа", рече министерот за надвореши работи на Србија во разговорот за Anadolu Agency.
Коментирајќи го терористичкиот напад на меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул, првиот потпретседател на Владата на Србија изрази запрепастување и упати сочуство, првенсрвено на семејствата на страданите, но и на Република Турција и турскиот народ.
„Тероризмот е најголемото зло на 21 век. За жал, тој денес, пред се, се гледа како низа индивидуални акции кои е многу тешко да се спречат,дури и во оние најорганизирани земји во светот, а Турција е една таква земја. Единствен начин на кој можеме успешно да се бориме е размената на информации, пред се на службите, кои се борат против тероризмот, тоа се специјалните служби за безбедност, полицијата и во таа смисла е многу важно сите земји на светот и Европа, да соработуваат", рече Дачиќ.
Според неговите зборови, терористичките акти во Париз, Брисел, Русија, Турција се дел од организирана терористичка групација која постои веќе десетина години, ДАЕШ, која „ навистина беше толерирана од некои земји на Западот". Затоа, време е, додаде тој, сега сите заедно да се борат против терористите на ДАЕШ и дека Србија во тоа ќе ја даде својата максимална поддршка. „Ние секако, немаме воено-технички средства да учествуваме во тоа, но логистички, во смисла на давање информации и соработка во одредени полициски акции, ние секогаш ќе соработуваме на тој план", додаде Дачиќ во интервјуто.
news_share_descriptionsubscription_contact
