Soner Kılınç
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
АФРИН (АА) - СОНЕР КИЛИНЧ - Додека Вооружените сили на Турција (ТСК) напредуваат кон центарот на Африн, подддршка од пограничните подрачја им пружаат голем број на единици на кои им издаваат наредби жени офицери, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои од командантките на помалите или поголеми единици задолжени за артилерија или логистичка поддршка на копнените сили, претходно учествуваа и во операцијата „Штитот на Еуфрат“, со која ги елиминираа терористите на ДЕАШ во северниот дел на Сирија.
Овие денови, жените офицери на турската армија имаат значајна улога во операцијата „Маслинова гранка“ која започна на 20 јануари, со цел неутрализирање на елементите на терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северозападниот сириски регион Африн.
Дилек Ајѓун издава наредби со артирелиска батерија во пограничното подрачје и задолжена е за поддршка на копнените сили во борбата против терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ.
Во разговор за Anadolu Agency (AA) улогата на хаубиците од типот „ Бура“, ја оцени исклучително значајна во операцијата „Маслинова гранка“.
Велејќи дека со артирелискиот оган во можност со прецизен погодок уништиле цели на оддалеченост од околу 40 километри, Ајѓун додаде дека хаубиците од типот „Бура“ пружаат голема поддршка на трупите на терен.
„Системите за контрола на оганот кај овие хаубици се потполно компјутеризирани така што се функционални во сите временски услови. Тоа пружа поголеми можности за управување со единиците на терен, но и покрај тоа самото спознание дека имате поддршка на овие хаубици дава додатен морален поттик. Многу е важно да се биде дел од оваа операција“, изјави Ајѓун.
Џерен Озчелик, командантката на тимот за одржување и поддршка, истакна дека нејзиниот тим работи на зачувување на хаубиците "Бура".
„Одговорна сум за одржување и за состојбата на хабиците. Љубовта кон татковината ја наследивме од нашите предци, од жените кои учествувале во ослободителната борба. Чест ми е да бидам дел од оваа операција, чест ми е да бидам дел од вооружените сили“, изјави Озчелик.
Џигдем Јуксел, е уште една жена офицер во пограничното подрачје на Турција со Сирија. Одговорна е за протокот на муниција и воената опрема во пограничниот дел и просторот кон Африн.
Таа истакна дека жените офицери доверените задачи ги извршуваат со големо внимание и прецизност.
И офицерката Ѓулру Гизем Атабеј издава наредби на тим во пограничниот појас. Задолжена е за оддржување на воените возила кои учествуваат во операцијата. Својата, како и улогите на своите колешки во вооружените сили ги оцени за особено значајни.