Bedrudin Brlyavac,Ilgın Karlıdağ
18 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) - Европската унија (EU) и Турција во петок на самитот во Брисел постигнаа договор за ублажување на бегалската криза, потврди премиерот на Чешка Бохуслав Соботка, јавува Anadolu Agency (AA).
Вториот ден од самитот во Брисел Соботка на Твитер профилот напиша дека договорот со Турција е постигнат по дводневните разговори на двете страни, додека премиерот на Финска, Јуха Сипила, исто така рече дека "ЕУ лидерите се согласија на договор со Турција во врска со бегалците".
Инаку, потребно е документот официјално да биде потпишан со премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
Според договорот кој начелно е усогласен на 7 март 2016 година, Турција треба да прифати враќање на сите мигранти кои преку таа земја илегално дошле во Грција, односно во ЕУ, а Унијата, на секој илегален мигрант кој ќе го прифати Анкара, да одобри азил и влез на еден сириски бегалец сместен на турската територија.
Турција исто така бараше укинување на визите за ЕУ на нејзините граѓани најдалеку до крајот на јуни, како и отворање на нови поглавја во процесот на преговарање за членство во ЕУ.