Kübra Chohan
27 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето пред претставниците на муслиманската заедница во Јоханесбург истакна дека најголеми проблеми на муслиманите моментално се тероризмот и тензиите засновани на секташтвото јавува Anadolu Agency (AA).
„Тероризмот и тензиите засновани на секташтво се најголемиот проблем кој одвнатре ја троши енергијата на муслиманите, токму како ситен црв кој уништува огромно стебло“, изјави Ердоган, додавајќи дека терористичката организација Ал-Каеда на муслиманите им нанела голема штета.
„Ал-Каеда не направи ништо освен што ја проли муслиманската крв“, изјави турскиот претседател кој престојува во Јужноафриканската Република по повод 10. Самит земјите членки на БРИКС.
Тој предупреди и дека терористичките организации ФЕТО и ПКК се гнездо на зло, кое, како што изјави, извршуваат напади врз сопствените браќа во Турција.
Припадниците на терористичката организација ФЕТО, кои на 15 јули 2016 година, извршија неуспешен обид за државен удар во Турција ги нарече униформирани терористи со продадени души.
„Униформираните терористи со продадени души се оние кои во ноќта на 15 јули пукаа во нашиот народ, и кои шарлатанот кој сега се наоѓа во Америка го гледаат како свој Мехди“, изјави Ердоган, додавајќи дека ФЕТО е многу присутен и во Јужноафриканската Република.
„Свесни сме дека ФЕТО во Јужноафриканската Република се обидува да ги придобие муслиманите, посебно преку образовните установи“, истакна Ердоган.
„Непријателите на исламот го контролираа ФЕТО кој користеше методи како што се образованието, донациите и дијалогот, за да се инфилтирираат, полни 40 години“, изјави претседателот на Турција.
На крајот нагласи дека Република Турција и понатаму ќе продолжи да се бори за правдата во светот.
„Ние сме со Африканците, Палестинците, Босанците, Сиријците, Араканците и Туркмените“, изјави Ердоган, критикувајќи го и дејствувањето на петте земји постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
„Светот е поголем од пет (земји), ќе ја продолжиме одлучно нашата борба за правото и правдата, што стана наш симбол“, изјави турскиот претседател.