Ayşe Hümeyra Atılgan
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Во телефонски разговор денес, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и папата Франциско ја поздравија минатонеделната резолуција на ОН со која се отфрла прифаќањето на Израел (Кудс) за главен град на Израел од страна на САД, вели извор од кабинетот на претседателот, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата и турскиот претседател исто така го нагласија и значењето на заедничките напори во заштитување на статусот на Кудс, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Претходно во текот на оваа недела, папата Франциско исто така повика на дводржавно решение на израелско-палестинскиот конфликт како и на почитување на статус кво на Кудс со цел да се спречи понатамошен конфликт.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 6. декември ја објави својата одлука за признавање на Кудс за главен град на Израел.
Генералното собрание на ОН на 21. декември со големо мнозинство ја усвои резолуцијата со која се отфрла потегот на Трамп.