Yıldız Aktaş
26 Април 2016•Ажурирано: 26 Април 2016
БАКУ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган зборуваше на 7. Глобален форум на Алијансата на цивилизации на ОН, кој се одржа во Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој во своето обраќање истакна дека меѓународната заедница е многу далеку од достигнувањето на поставените цели на Алијансата.
„И покрај успехот обезбеден од страна на Алијансата, мора да сe признаеме следната вистина. Како меѓународната заедница многу сме далеку од достигнување на поставените цели на Алијансата. Нас кон формирањето на Алијансата на цивилизациите не втурнаа вкоренетите предрасуди, луѓето, корените и разликите во културите, кои сеуште сме во фаза на надминување. Ние не ја презентиравме очекувана заедничка и стабилна борба против радикалните струења и изворите на овие струења од кои се хранат терористите" , рече Ердоган, кој наведе дека ниту една вера не го одобрува влијанието врз животите на невините луѓе.
„Ниту една верба, вера, ниту една култура, ниту една совест не го одобрува влијанието врз животите на невините луѓе. Особено кога се користи збор Ислам, е вера која во името што го носи значи мир. Вера која во себе носи значење на мир би го подржувала ли тероризмот? Во нашата вера тероризмот никогаш немал место и овите терористички организации кои се појавија во името на Исламот, како што е ДАЕШ, немаат никаква врска со Исламот", истакна турскиот претседател Ердоган.
„Во Сирија, Ирак, Фрнција, Пакиста, турција, Белгија, Шпанија, се случија последователни експлозии и покрај болката која што заеднички ја доживеавме, не презедовме заеднички став и акција. Потребно е да се изработат подготовки и изнајдување на решенија за насилните средини кои создаваат политичките конфликти.", додаде Ердгоган.
Тој потенцираше дека доколку на верската поделба не се изнајде заедничка борба, нема да може да може да се обезбеди мирот, како и дека доколку на расизмот не му се спротистават сите заедно, тогаш нема да се успее ниту во борбата против тероризмот.
„Доколку на оваа верска поделба не се изнајде една заедничка борба, не ќе можеме да го обезбедиме мирот. До колку не успееме заедно да му се спротивставиме на расизмот, тогаш нема да успееме ниту во борбата со тероризмот. Луѓето не можеме поединечно да ги посочуваме како расисти. Не можеме да ги делиме луѓето на 'Тој е црнец, овој е белец' . Кон сите луѓе треба да се однесуваме подеднакво и потребно е да ги сакаме подеднакво. Тоа се основите врз кои треба да базира мирот во светот", рече претседателот Ердоган.
Тој во својот говор по спомна и трагичниот случај со бебето Ајлан кое беше пронајдено на крајбрежјето во Бодрум.
"Кога беше пронајдено бебето Ајлан на крајбрежјето, светот почна се прашува 'што правиме'. Во ред, но каде бевте пред да биде пронајдено бебето Ајлан? Шест години умираат луѓето во Сирија. Досега од Егејското Море и Средоземното Море собравме околу 100.000 луѓе. Ги спасивме од смрт. Во моментов во нашата земја се сместени преку 3 милиони бегалци од Сирија и Ирак. Многу наши пријателите ја посетуваат нашата земја и ни се заблагодаруваат. Кај нас постои една поговорка: 'Устата не се засладува само со искажување на зборот мед', до колку јадеш мед устата се засладува. Досега само нашите фактурирани трошоци ја надминаа вредноста од 10 милијарди долари", наведе турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање на 7. Глобален форум на Алијансата на цивилизации на ОН.