Enes Kaplan
20 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Израел, Рувен Ривлин, за последните случувања во Еусалим и џамијата Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите од кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган во текот на разговорот истакнал дека настаниот од 14. јули во џамијата Ал Акса, кога се забележани и човечки жртви, предизвикува загриженост и додаде дека чувствува длабока тага поради случувањата и изгубените животи.
Турскиот претседател рече дека е потребно да им се овозможи на муслиманите во рамките на верските слободи да можат да влегуваат во Ал-Акса без било какви пречки.
Нагласи дека насилството ниту во било кој случај не може да биде одобрено и дека е потребно да се почитува светоста на верските храмови и нивниот историски статус.
Ердоган исто така истакна дека џамијата Ал Акса има големо значење за целиот исламски свет.
Напомена дека е потребно што поскоро да бидат остранети металните детектори кои израелските војници ги поставиле на влезовите на Ал Акса.
Ривлин во текот на телефонскиот разговор истакна дека спомнатите мерки се преземени со цел јакнење на безбедноста.
Нагласил дека нема да се случат никакви промени во врска со статусот на комплексот Ал Акса, гарантирајќи дека никому нема да му бидат ускратувани верските слободи.
Ердоган во врска со последните случувања во Ал Акса утрово разговараше и со претседателот на Палестина Махмуд Абас.