Yıldız Nevin Gündoğmuş
24 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи ги последните случувања во Венецуела, изјави дека е потребно да се почитуваат резултатите од демократски одржаните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе ги почитувате резултатите од изборите. Ако не ги почитувате, тогаш тоа не може да се нарече демократија", рече Ердоган по состанокот со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Преца, која се наоѓа во посета на Анкара.
Напомена и дека верува оти народот на Венецуела ќе остане со избраниот претседател Николас Мадуро.
„Мадуро победи на изборите. Поради тоа ставот на господин Трамп ме шокираше, во смисла на човек кој веруваше во демократија", рече Ердоган.
Нагласи дека оние кои се борат за демократијата би требале да ги поддржат оние кои се избрани и кои исто така се борат за демократијата.
Се осврна и на односите со Брисел, тврдејќи дека ветувањето на Европската унија дадено на Турција во врска со проблемот со миграциите не е исполнето.
„ЕУ испрати само четвртина од парите од фондот од 6 милијарди долари за бегалците во Турција", рече турскиот претседател.
Истакна дека Турција и Малта имаат многу добри односи, додавајќи дека неговата земја секогаш е спремна да биде со Малта.
Претседателката на Малта, Преца, изјави дека нејзината земја и понатаму ќе го поддржува европскиот пат на Турција.
„Малта ќе продолжи да го поддржува влегувањето на Турција во ЕУ, тоа е потребно за просперитетна Европа и регион", рече Преца.