Европска Унија: Да се воведе ред во хаосот на “балканската рута”
Меѓу спомнатите мерки најлесно е договорена распоредувањето на додатните граничари од редовите на европската агенција за контрола на границите Фронтекс????? ????????
26 Октомври 2015•Ажурирај: 26 Октомври 2015
Брисел
Вонредниот самит за мигрантската криза во Европа, со акцент на “балканската рута“, донесе неколку итни мерки за сите земји од тој бегалски коридор, јави репортерот на Anadolu Agency (AA).
Меѓу спомнатите мерки најлесно е договорена распоредувањето на додатните граничари од редовите на европската агенција за контрола на границите Фронтекс, на границите помеѓу Грција и Албанија и Грција и Македонија.
Границата на Словенија со Хрватска за неколку дена ќе ја зајакнат околу 400 полицајци на Фронтекс. Се очекува до крај на собирот, кој уште трае во зградата на Европската комисија, лидерите на земјите на бегалскиот коридор да постигнат согласност за обврзувачка регистрација на бегалците, и избегнување на досегашната пракса, без контрола и координација со соседите, мигрантите да се пропуштаат на нивните граници.
Планирано е, исто така, доколку се испостави дека лицето кое влегува во Европската Унија со намера да стаса до Германија, да нема намера да бара азил во некоја од државите на патот до Германија, граничните служби имаат право да го одбијат неговото барање за влегување во земјата.
Кога станува збор за регионот од Западен Балакан, се очекува со Србија да се направи сличен аранжман каков настојува ЕУ да направи со Турција, а тоа значи сместување за поголем број на бегалци, во замена за европска финансиска помош и се очекуваат одредени политички остапувања.
На самитот за мигрантската криза, на иницијатива на Жан К. Јункер, претседателот на ЕК во Брисел, присуствуваа шефовите на земјите и владите на Хрватска, Словенија, Србија, Македонија, Бугарија, Грција, Романија, Австрија, Германија и Унгарија.