Besar Ademi
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Пред платото на спортскиот центар "Борис Трајковски" во Скопје денес е одбележана 12-годишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина на 26 февруари 2004 во авионска несреќа во Ротимле во близина на градот Мостар, Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Свежо цвеќе пред спомен обележјето положија разни делегации, претставници на спортскиот центар "Борис Трајковски", претставници на спортските институции, како и спортските медиуми.
Златко Перински, директор на спортскиот центар кој го носи токму името на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, рече дека преставува голема чест,но и голема одговорност поради тоа што спортскиот центар го носи името на поранешниот претседател, како и дека тоа е причината зошто овој центар постојано се стреми да биде институција која ќе биде симбол на спортот и ќе носи радост на лицата на македонските спортисти и сите поддржувачи на спортот.
Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски положија бројни делегации, членови на неговото семјество како и бројни граѓани.
За несреќата што се случи пред 12 години, во близина на Мостар, за причините за несреќата на владиниот авион "Кингер", од тогаш до сега се спроведени две истраги и објавени два извештаи од двете комисии во кои учествува експертите од БиХ, Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, како и експерти од Македонија.
Во авионската несреќа загинаа македонскиот претседател Борис Трајковски и осум членови на екипажот и македонска делегација, кој патуваа на меѓународната конференција во Мостар.