Betül Yürük
14 Март 2016•Ажурирано: 16 Март 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, денешната средба со делегацијата на сириската влада, која се одржува во рамките на продолжението на мировните преговори во Женева ја оцени како „конструктивна и корисна”, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на сириската влада ја предводеше сирискиот амбасадор во ОН, Башар ал-Џафер, а средбата траеше еден час. Следниот состанок на Де Мистура со истата делегација е закажана за в среда наутро.
По средбата, Де Мистура во кратка изјава за медиумите кажа дека целта на разговорите е спроведување на резолуциите на Советот за безбедност за политичко надминување на сирискиот проблем.
„Јас имам само план А, а тоа е да им дадеме шанса на овие преговори да успеат”, рече Де Мистура, кој во изјавата пред почетокот на состанокот предупреди дека единствена алтернатива за неуспехот на преговорите е враќањето на војната.
И шефот на делегацијата на сирискиот режим Џафер, ја оцени денешната средба како конструктивна. Тој откри дека денеска било разговарано за подготовките на преговорите, но не и за нивната содржина. Тој нагласи дека неговата делегација побарала решавање на техничките недостатоци воочени во текот на претходните рунди на преговорите.
Пратеникот на ОН за Сирија, Де Мистура утре ќе се сретне со делегацијата на сириската опозиција.