Sarp Özer,Onur Usta
19 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
СТРАЗБУР (АА) - Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, во Стразбур се сретна со претседавачот на парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската влада во Стразбур допатува доцна синоќа поради учеството и обраќањето на денешната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Предводејќи ја турската делегација, Давутоглу го посети седиштето на Советот на Европа, каде што беше пречекан од челникот на таа институција Аграмунт и од челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Давутоглу и Аграмунт потоа одржаа состанок без присуство на претставниците на медиумите.
Изразувајќи задоволство за посетата на Советот на Европа, каде што во 2010 година претседаваше со Советот на министри, Давутоглу рече дека првиот турски премиер денешното обраќање на Парламентарното собрание на таа меѓународна организација ќе го одржи на турски јазик, кој е неодамна сврстен во работните јазици на таа институција.
Покрај Давутоглу, во посета на Советот на Европа во Стразбур допатува и неговиот заменик Љутви Елван, турскиот министер за ЕУ Волкан Бозкир, и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
По состанокот со Давутоглу, челникот на парламентарното собрание на Советот на Европа, Аграмунт рече дека му е задоволство да биде домаќин на турската делегација во која се наоѓа и Чавушоглу, кој претходно ја извршуваше функцијата челник на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
„Добредојдовте во својата куќа, чест ми е да ве угостам”, рече Аграмунт.