Onur Usta
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
СТРАЗБУР (АА) - Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, најостро го осуди терористичкиот напад, во кој, во ценатрот на Анкара загинаа најмалку 27 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овие терористички напади се напади на европските вредности, напади на сите нас. На Турција ѝ упатувам искрена порака со сочуство“, напиша Јагланд на официјалниот профил на Твитер.
Најмалку 27 лица загинаа а 75 се повредени во автомобил-бомба во самиот центар на Анкара. Експлозијата одекна во 18:45 часот по локално време, во квартот Кизилај во кој се наоѓа паркот Гувен.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со силната експлозија, разговараше вечерва со министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.
Од друга страна, премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, свика состанок на министрите и челниците на безбедносните агенции.
Експлозијата одекна во квартот Кизилај, во кој се наоѓа паркот Гувен, кој е сместен во главното сообраќајно средиште на Анкара.
На местото на несреќата пристигнаа голем број екипи на итната медицинска помош и пожарникари, а полицијата го блокираше тој дел од градот поради страв од нови експлозии.
Експлозијата во Анкара, чија мета беа цивили, одекна по неполн месец од бомбашкиот напад, во кој, во турската престолнина беа убиени 29 лица.