Bekim Laci
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
СКОПЈЕ (AA) - Во канелариите на Европската унија во Скопје, официјално беше презентиран проектот зајакнување на владеење на правото кој е твининг проект финансиран од Европската унија. Проектот го спроведуваат Министерството за правда на Република Латвија и Министесттвото за правда на Република Хрватска во соработка со министерството за правда на земјата корисник, за што во Скопје беа дојдени латвискиот министер за правда Цинтарс Раснач и хрватскиот министер за правда Анте Шпрље, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воведниот говор евроамбасадорот Аиво Орав рече дека функционирањето на правдата е суштинсто за секоја држава, која цели долгорочна демократија, просперитет и мир. Орав напомена дека процесот на проширување на ЕУ го воспостави владеењето на правото во рамките на главните негови столбови, но во исто време остро го критикуваше решението на претседателот Иванов да ги помилува политичарите, потенцијални извршители на кривични дела, одлука која според него сериозно го ризикува владеењето на правото и создава ризична атмосфера во земјата.
"Се надевам дека политичките лидери ќе одлучуваат со политички разум и ќе започнат да ја решаваат длабоката политичка криза за да им овозможат на креирачите на политиките заедно со експертите да ја работат нивната работа и да го вратат процесот на реформи во вистинскиот колосек", рече Орав.
Македонскиот министер за правда Ваљдет Џафери, во својот говор рече дека прифаќањето и почитувањето на најдобрите стандарди на ЕУ од поглавјето 23 и нивната примена во македонскиот правен систем се рефлектира преку овој проект.
"Од главните цели на проектот зајакнувањето на капацитетите на Mинистерството за правда, за професионалното извршување на функциите во предпристапниот и постпристапниот процес во ЕУ и развивање на сеопфатни ИТ решенија, за пристап до законодавството", рече Џафери.
Латвискиот министер за правда Цинтарс Раснач рече дека неговата земја и Хрватска ги соединиле силите да и помогнат на Македонија таму каде што има потреба и додаде дека нивното искуство ќе биде добродојдено за Македонија, особено поради фактот дека заедно со хрватското искуство Македонија ќе добие две различни искуства. Хрватскиот министер за правда Анте Шрпље им се заблагодари на македонските власти кои според него имале доверба во хрватскиот потенцијал.
"Сигурен сум дека заедничката историја и сличното право ќе резултира со двојна придобивка за Македонија и Хрватска" , рече Шпрље.
Вреди да се напомене дека од целите на проектот се и унапредување на знаењата и капацитетите на релевантните чинители од правосудството за законодавството на ЕУ и другите судски стандарди за нивно транспонирање во националното законодавство.