Во Скопје одржана културна манифестација “Калдрма-Матине”
Во организација на Македонско-бугарската стопанска комора и со поддршка на Министерството за економија и Општина Чаир денеска се одржа втората манифестација „Калдрма матине“
????? ????????
31 Октомври 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Скопје
Во организација на Македонско-бугарската стопанска комора и со поддршка на Министерството за економија и Општина Чаир денеска се одржа втората манифестација „Калдрма матине“ чија цел е со бизнис и културни проекти да се врати сјајот на еден од најавтентичните простори на главниот град,Скопската чаршија како место на еснафот и соживотот, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за економија на Република Македонија Беким Незири, во своето обраќање истакна дека еснафот ја држи чаршијата жива, а нејзина главна карактеристика е што тој е обединет во различноста. “Затоа ги поддржуваме ваквите проекти. Тоа што го ветивме лани, го реализираме оваа година во соработка со Општина Чаир” , рече Незири.
Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити, изјави дека чаршијата има живот и потенцијал, а ние имаме должност, , да направиме спој на вековната традиција и модерното живеење.
“Затоа Општина Чаир презема низа активности со кои на Старата скопска чаршија и дава нова, модерна димензија.
Таа била и треба да биде центар на економскиот и општествениот живот, авангарда на времето. Манифестацијата „Калдрма матине“ е продолжување на сите наши заложби за чаршијата” ,рече Меџити. На настанот се обрати и амбасадорот на Бугарија во Скопје Иван Петков кој посочи на важноста на културниот туризам за развојот на целокупниот туризам на една земја и негувањето на она што е уникатно во културата и историјата, нешто што другите го немаат.
Претставници од бизнис-заедницата, од стопанските комори, од планските региони и од уметноста на манифестацијата дискутираа како традицијата и модерното да се спојат и да се ребрендира ова старо урбано јадро, кое ќе се облагороди и со творештвото на уметниците.
Тие имаат идеи во чаршијата да се направи сокак на уметноста, каде ќе има сликарски ателјеа и изложби на отворено, и сокак на висока мода со дуќани на брендирани модни новитети и организирање ревии на места низ чаршијата. Организаторите на настанот потпишаа и Меморандум за соработка за да ги реализираат проектите кои заедно ги планираат.
Во Скопје одржана културна манифестација “Калдрма-Матине”