Бени Шакири: Чувстувам тага поради децата бегалци, треба да им помогнеме
Навистина чувствувам тага поради тие деца, бидејќи наместо да имаат детство какво што имаат нашите деца овде, тие минуваат илјадници километри за да дојдат до таа “фамозна“ Европа- истакнува Бени
????? ????????
28 Октомври 2015•Ажурирај: 30 Октомври 2015
Скопје
Бегалската криза освен нејзината тажна страна, тешкиот и ризичен пат на бегалците од земјите на Блискиот исток и Северна Африка кои поминуваат тежок пат за да ги спасат своите животи и побараат подобро утре, има и друга, посветла страна,а тоа се хуманите луѓе кои наоѓаат разни начини да им помогнат на бегалците.
“Земја на сонцето, земја на солидарноста“ е проект на УНХЦР Македонија, кој има за цел пеку видео пораки на познати личности поттикне хуманост и солидарност кај граѓаните да им помогнат на бегалците и тоа да го направат на вистински начин.
Арбен Бени Шакири како познат рок пејач е дел од оваа кампања.
Тој во разговор за Anadolu Agency (AA) зборувајќи за мотивот за учество во кампањата на УНХЦР, вели дека секој човек, онолку колку може треба да им помогне на бегалците кои патувајќи кон земјите на западна Европа ги поминуваат и земјите од регионот.
“Веројатно не постои некој друг начин на кој јас како јавна личност имам влијание да им помогнам на другите луѓе, да видат некоја јавна личност која може да влијае на нив да направат некое добро дело“ вели Бени, објасувајќи дека нема намера на јавноста да и се претставува како хуманист.
“Навистина чувствувам тага поради тие деца, бидејќи наместо да имаат детство какво што имаат нашите деца овде, тие минуваат илјадници километри за да дојдат до таа “фамозна“ Европа, не преостанува ништо друго освен секој од нас да се вклучи онака како што знае, може и умее, за да им се помогне на овие луѓе. Затоа сме тука ние да им помогнеме. Кога велам ние, мислам на сите луѓе, кои имаат добра волја да направат нешто позитивно за тие луѓе на кои им е потребна нашата помош“ , истакнува Бени.
“Љубовта е таа која не мотивира, спојува и ни дава сила не само да правиме добри дела, туку и попаметни работи ” потенцира скопскиот рокер.
Бени откри дека овие денови со своите колеги и соработници интензивно работи на спремање нов музички материјал за новиот албум кој би требал да излезе наскоро.