19-тиот Џез Фест Сараево ги собра младите од регионот: Се дружиме и учиме за музиката
- Од 3-ти до 8-ми ноември голем број на млади од регионот престојуваат во Сараево и уживаат во дружењето со меѓународните уметници, во врвно продуцирани концерти, но присувствуваат и на тонските проби и се запознаваат со колегите од регионот.
?????
06 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
СараевоДеветнаесетиот Џез Фест Сараево и оваа година ги собра меѓународните уметници како и љубителите на квалитетна музика, меѓу кои и голем број млади од целиот регион, јавува Anadoly Agency (AA).
Од 3-ти до 8-ми ноември, во рамките на Џез Фест Сараево на публиката и се претставуваат врвни џез уметници. Но, и младите музичари во текот на овој период имаат можност да учат од меѓународните уметници низ бројни работилници и разговори со учесниците на Џез Фестот. Така и оваа година неколку десетици млади од земјите од регионот престојуваат во Сараево и уживаат во дружење со музичарите, посетуваат врвно продуцирани концерти, присуствуваат на тонските проби и запознавањето со колегите од регионот.
- Нови пристапи во музичкото творештво-
Program Music Meeting на Џез Фест Сараево е наменет за студентите по музика и џез музичарите на возраст од 18 до 27 години од Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија.
Програмот е отворен и за музичарите вон рамките на џезот, заинтересирани за истражување и изнаоѓање на нови пристапи во создавањето музика.
Андреа Николиќ, виолинистка, родена е во Сараево но живее и работи во Виена.
„Мислам дека ова е можеби и најважниот дел од фестивалот, освен концертите кои се добро посетени. Публиката е одлична и гостите се прекрасни. Мислам дека е феноменално за сите нас што сме овде. Разменуваме искуства. Името одлично го опишува сето тоа. Баш е ‛music meeting’ на сите нас. Сите учиме едни од други“, истакна Андреа.
Според нејзините зборови, фестивалот има исклучителна репутација и е на светско ниво. Најголема мотивација и е, како што вели, тоа што на ваков начин може да запознае личности од светот на џезот.
„Тоа ми беше најголема мотивација, малку да ја проширам сцената. Да го проширам уметничкиот круг на еден ваков прекрасен начин. Сите се одлични. Млади има од целиот регион. Има одлични млади луѓе од сите музички жанрови“, порача Андреа.
Момчило Александриќ од Белград вели за АА дека прв пат е на Џез Фест.
„Супер е. Се е совршено. Почнувајќи од звукот на концертите во салата, што не сум го цул досега, преку дружења, до предавања кои се многу инспиративни и интересни“, истакна Момчило.
Според неговите зборови, на овој начин младите музичари имаат можност да слушаат од прва рака луѓе кои се најбитни и најзначајни во овој вид музика како и да научат нешто од нив.
„Не знам дали во Србија постои манифестација на која се е бесплатно. Да можат одреден број луѓе да дојдат бесплатно. Некои луѓе се навистина талентирани, а немаат можност да платат котизација која е прескапа, а да не зборуваме за превозот и сместувањето“, кажа Момчило.
Порачува дека џезот е ценет на Балканот, но само во одреден, потесен круг на луѓе.
- Размена на искуства –
„Сеуште не стигнал до пошироката публика. Заживеа, но ми се чини во некој потесен круг на луѓе. Можеби е и подобро така и да остане, бидејќи уметноста не е за секого“, додаде Момчило.
Домен Цизеј дојде од Словенија и кажа дека ова е негова прва посета на БиХ.
„Прв пат сум овде. Убаво нè дочекаа. Има добра храна, музика и добри луѓе. Ми се допаѓа тоа што сме сите тука соедна причина, а тоа е да слушаме добра музика и меѓусебно да се запознаеме. Исто така, на овој начин делиме искуства“, порача Домен.
Џез Фест Сараево и оваа како и претходните години, успеа во главниот град на БиХ да донесе некои од најзначајните уметници на светската џез смена, меѓу кои е и Ал Ди Меола кој синоќа се претстави на сараевската публика во и до последно место исполнетата сала на Босанскиот културен центар.