Vesna Besiç
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
САРАЕВО (AA) - Летното сметање на времето почнува во недела на 27 март, така што часовниците ќе се поместат напред, времето во 02 часот ќе се се смета како 03 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
Летно сметање на времето во Европа ќе трае до 30 октомври, кога почнува зимското сметање на времето. Тогаш часот од 3 ќе се врати на 2 часот.
Летното сметање на времето во поранешна Југославија воведено е на 27 март 1983 година. Од 2002 година Европската унија (ЕУ), како и останатите земји во Европа одредија дека почетокот на летното сметање на времето почнува во последната недела во март а завршува во последната недела на октомври.