Vesna Besiç
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Со поместување на стрелките за еден час напред, во неделата, започна летното сметање на времето, јавува Anadolu Agency (AA).
Всушност, ова утро во 2 часот стрелките на часовникот требаше да се поместат за еден час понапред односно на 3 часот.
Летното сметање на времето ќе трае до 30-ти октомври, кога ќе започне зимското сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот од 3 ќе се врати на 2 часот.
Летното сметање на времето во поранешна Југославија е воведено на 27-ми март 1983 година. Од 2002 година, Европската унија (ЕУ), како и другите земји во Европа, го одредија почетокот на летното сметање на времето кое почнува последната недела во месец март а завршува во последната недела во месец октомври.