Ekipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Само во три од 54 африкански земји владее ниско ниво на глад, се наведува во најновиот извештај на Глобалниот индекс на глад, кој е објавен денеска во етиопскиот главен град Адис Абеба, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Африканската унија и агенцијата Ново партнерство за развој во Африка (NEPAD), врз основа на истражување од 2015 и 2016 година, во пет африкански држави владее алармантно ниво на глад.
Во извештајот се предупредува дека во 28 земји владее сериозно ниво на глад.
„Во некои африкански земји, како што се Етиопија, Демократска Република Конго и Нигерија, над 50 проценти од децата под пет години заостануваат во развојот“, се вели меѓу другото во извештајот.
Во извештајот исто така се истакнуваат и позитивните движења како што се зголемувањето на стапката на нутритивните интервенции.
Извршниот секретар на НЕПАД, Ибрахим Maјaки, за АА изјави дека прашањето на заостанувањето во развојот е шокантно и критично и дека мора итно да се реши.
„Храната треба да биде национален приоритет. Секторите како што се земјоделството и здравството, мора да работат заедно“, рече Mајаки.