Önder Felek
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ЈОЗГАТ (АА) - Вицепремиерот на Турција, Бекир Боздаг, пред состанокот на Унијата на општини со геотермални извори даде изјава за новинарите во врска со дневнополитичките случувања во Турција и во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Боздаг за средбата меѓу турската и американската делегација во врска со прекинот во издавњето визи изјави:
„Според нас, Турција и САД се една наспроти друга поради проблемот што настана како резултат на лошото или нецелосно информирање од страна на американската амбасада во Анкара. На средбата што се одржа во Анкара, и двете страни се договорија за меѓусебно споделување информации поврзани со суштината на настанот. Состанокот заврши конструктивно. Двете страни пред своите влади ќе ги презентираат резултатите од средбата и се надевам дека во најкус период проблемот ќе биде надминат“, рече Боздаг.
За случувањата во регионот и за поставувањето постери на Оџалан во Рака, вицепремиерот Боздаг рече:
„Сликата што може да се види ги отфрла сите досегашни изјави на САД и ја негира изјавата дадена од нивна страна: 'Ние не соработуваме со терористи, таму нема терористи, во Сирија постојат Сириски демократски сили'. Настанатата ситуација покажува дека СДГ е внуче на ПКК, а ПЈД и ЈПГ се синови. Тука станува збор за голема грешка. Се прави голема штета на односите меѓу Турција и САД. Се надевам дека вистината што излезе на виделина ќе ги натера САД да ја преиспитаат политиката којашто ја водат до ден-денес и негирањата на ситуацијата.