Barış Gündoğan
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, денес порача дека верува оти нема потреба од одолговлекување на процесот на суспензија на визите со САД, и оти се работи за одлука што е на штета на народите на двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Официјалните министерства за надворешни работи соопштија дека вчерашниот состанок бил многу конструктивен. Јас исто така добив информации дека поминал во многу позитивна атмосфера, страните во потполност се разбрале една со друга. Пораките што сакаа да ги испратат едни на други, ги испратија многу јасно, а тие информации ќе им ги пренесат на владите. Ќе видиме какви резултати ќе донесе тоа. Верувам дека со овој процес не би требало да се одолговлекува. Се работи за процес што не оди во корист на народите на двете земји, така што тоа не е правилна одлука“, порача Боздаг.