Fatih Hafız Mehmet
17 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Врз канцелариите на грчки приватен телевизиски канал и весник беше активирана бомба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалниот дневен весник „Катимерини“ објави дека во раните утрински часови непознати напаѓачи активирале бомба врз нивната канцеларија и врз телевизијата SKAI.

Жртви нема бидејќи во канцелариите во тоа време немало никој, но зградата претрпела голема штета.
Речиси еден час по експлозијата, напаѓачите телефонски се заканиле со уште едно активирање на бомба врз друга новинска веб-страница и телевизиски канал, поттикнувајќи ги властите да ја евакуираат зградата и да ја затворат за сообраќај улицата пред неа.