СКОПЈЕ (АА) – Во рамките на 26. Меѓународен фестивал на пролетни веселби, во Скопје се одржа 22. Меѓународен симпозиум на турската култура во заедничка организација на Меѓународниот универзитет „Визион“, Институтот за истражување на народната култура (ХКАК) и на Здружението на „Хид Бах Шен Фест“, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај универзитетски професори и претставници на невладини организации, на овој симпозиум учествуваа и научници, како и експерти од Турција, Македонија, Полска, Татарстан и од Турската Република Северен Кипар.
На почетокот од симпозиумот беше отворена изложба на којашто беа изложени различни дела донесени од повеќе региони во Турција. Се дискутираше на теми околу народната турска култура.
Претседателот на симпозиумит, Селами Тахир, истакна дека Фестивалот на пролетните веселби пред 36 години започна со традиционални боречки натпревари, потоа во програмата на фестивалот пред 26 години се додадени и активности на народни игри, а пред 22 години, Симпозиумот на турската култура. „Верувам дека овој симпозиум ќе има голем придонес за турската култура“ вели Тахир, истакнувајќи дека научните истражувања ќе имаат значителен придонес во турската народна култура. Тој исто така им се заблагодари на сите научници и експерти што вложиле напори за организирање на овој симпозиум.
Од друга страна, претседателот на ХКАК, проф. д-р Ирфан Унвер Насратиноглу рече дека овој симпозиум е започнат во 1996 година, со цел да се додаде научна содржина на овој симпозиум. Насратиноглу нагласи дека овој симпозиум најпрвин се одржал во селото Чалакли, потоа е организиран во Скопје, со цел тој да допре до повеќе лица.
Укажувајќи на придонесот на овој симпозиум за студиите по туркологија, Насратиноглу истакна: „Меѓународниот симпозиум на турската култура донесе околу 500 научни написи во студиите по туркологија, како и литература“.
Ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа нагласи дека тие како универзитет ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите настани, и истакна дека споменатиот симпозиум има големо значење за Турците во Македонија и на Балканот.
Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, укажувајќи на важноста на овој симпозиум, им се заблагодари на сите кои дале поддршка за организирањето на овој настан.
news_share_descriptionsubscription_contact
