Sibel Kurtoğlu
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул изјави дека на странските инвеститори во Турција им се пружа секаков вид поддршка, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во Истанбул говореше на затворањето на Меѓународниот саем MUSIAD EXPO, каде што се осврна на актуелностите во економијата на Турција.
„Со оглед на тоа дека нашето разбирање на трговијата се темели на тоа, да добиеме не само ние, туку да добиеме заедно, ние, поради тоа прифатени сме секаде“, рече Ердоган, и додаде: „Турција оствари просечен годишен раст од 5,8 отсто, и покрај глобалната финансиска криза и обидот за државен удар.“
„На странските инвеститори во Турција им пружаме секаков вид поддршка“, истакна Ердоган.
Успехот на Турција, и покрај сите неволји е евидентен, според зборовите на Ердоган, и во областа на туризмот, каде што се бележи рекордна цифра која преминува 40 милиони туристи.
„Меѓу 10-те најголеми проекти во светот, 6 се изградени во нашата земја. Тоа е всушност, Партијата на правда и развој (АК Партија), но за жал, некои очи тоа не го гледаат. Аеродромот „Истанбул“ веројатно во 2023 година ќе оствари капацитет од 150 милиони патници, а ако биде потребно, имаме можност оваа цифра да ја зголемиме и на 200 милиони“, истакна Ердоган.
Нагласи дека остварениот напредок на Турција до денес е многу значаен, но дека целите на оваа земја се уште поважни.
„Сакаме нашата земја во 2023 година да стане една од 10-те најголеми економии на светот“, рече Ердоган.