Özcan Yıldırım
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во својот говор на церемонијата за назначување и селекција за вработување на лица со хендикеп во институции и јавни установи во Домот на културата и националниот конгрес Бештепе, соопшти дека е започната операција против терористичките организации во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со акцијата „Штитот на Еуфрат”, којашто ја започнаа турските вооружени сили во северниот дел на Сирија, изјави дека од територијата на Сирија, се вршат напади врз Турција, и дека на тоа треба да се стави точка.
"За жал, нападите од територијата на Сирија на нашата земја, на Газиантеп, на Килис и други региони дојдоа до границата. Рековме, доста е, тука мора да се стави точка. Утрово во четири часот започна процесот. Оваа работа мора да се реши. Некој таму размислува: 'Во Сирија ќе биде вака, во Сирија ќе биде онака'. Јас, од ова место им порачувам: 'Вие сметајте што ќе биде со вас'”, рече турскиот претседател.
Тој изјави дека терористичката организација ДАЕШ нема никаква поврзаност со исламот и дека во овој век тоа е најголемиот проблем што го снајде исламот.
„Не се станува муслиман со ставање шехадет на чело. Не се станува муслиман со ставање шехадет на знаме. Не се станува муслиман со злоупотреба на зборот Алах. Тие (ДАЕШ) немаат никаква врска со исламот. Токму спротивното, тие се најголем проблем кој го снајде исламот во овој век”, изјави Ердоган.
Тој нагласи дека никој нема да успее да го подели турскиот народ, да го собори знамето на оваа земја ниту да ги изгаси нејзините езани (повиците за молитва).
„Повторно ви порачувам дека нема да успеете. Нема да успеете да го поделите нашиот народ, да го спуштите нашето знаме, нема да успеете да ја распарчите нашата татковинa, нема да успеете да ја уништите нашата држава, ниту да ги изгаснете нашите езани. Нема да сторите оваа земја да падне на колена, ниту да го угнетувате овој народ”, порача турскиот претседателот.