Sinan Uslu
17 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
МАРДИН (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изнесе критики на сметка на Соединетите Американски Држави (САД) поради испраќање оружје на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Повеќе пати им говоревме: ‘Пазете, правите грешка. Велите дека сте против тероризмот, а делувате заедно со терористите. Скапо ќе ја платите цената цената за тоа.' Така беше. Имаат многу пари, затоа и испратија 5.000 камиони и 2.000 транспортни авиони со оружје. Но, што се случи? Сето тоа го пронајдовме и откривме каде се наоѓа. Секако терористите сега бегаат, а ние го собираме тоа оружје", порача Ердоган.