свет

„Вонредна состојба поради изградбата на ѕидот на границата со Мексико"

Со овој потег Трамп сака да го заобиколи процесот на одлучување во Конгресот кој според американскиот Устав ги распоредува буџетските средства , па можеби на овој начин ќе успее да пронајде финансиски средства за да го изгради спорниот ѕид.

Michael Hernandez  | 15.02.2019 - Обновена : 16.02.2019
„Вонредна состојба поради изградбата на ѕидот на границата со Мексико"

Washington DC

ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи денес вонредна состојба во САД за да успее во својата намера да изгради ѕид на границата со Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).

Со овој потег Трамп сака да го заобиколи процесот на одлучување во Конгресот кој според американскиот Устав ги распоредува буџетските средства , па можеби на овој начин ќе успее да пронајде финансиски средства за да го изгради спорниот ѕид.

Американскиот претседател претходно веќе говореше за прогласување на вонредната состојба, и тоа во неколку наврати додека траеше блокадата на федералната влада.

Состојбата на јужната американска граница ја опишува како криза и сака да подигне ѕид за да, како што изјави, спречи масовна илегална имиграција и влез на дрога и криминалци во САД.

Потсетуваме, во двата дома на Конгресот доцна синоќа помина компромисниот закон за финансирање на федералната влада.

Тој закон ќе обезбеди повеќе од 300 милијарди долари за министерството на национална безбедност и низа други агенции до 30 септември, крајот на идната буџетска година. Така ќе се спречи нова блокада на владата.

Истиот закон предвидува и 1,27 милијарди долари за изградба на ѕид. Сепак, на Трамп за ѕид каков што тој планира да направи му се потребни речиси шест милијарди долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.