Besar Ademi
29 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на парламентарната комисија за европски прашања на Република Македонија, Ермира Мехмети, во врска со одлуката за ставање на крстот во општина Бутел веднаш по поставувањето на орелот во општина Чаир како и најавата за поставување на албанското знаме во Сарај на висина од 50 метри, изјави дека ова се тенденции кои го провоцираат соживотот во Македонија, а не придонесуваат кон негово приспособување, јавува Anadolu Agency (AA).
Meхмети укажа дека во ова време тие може да влијаат на меѓуетничките односи во Македонија, а земјата нема потреба од продлабочување на кризата, туку има потреба од порационално и поодговорно однесување. Напоменувајќи дека во овие случаеви, најголемиот треба да направи повеќе, Мехмети додаде дека во однос на најголемата коалиција ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот, додека како население - Македонците.
„Тие треба да имаат повеќе разбирање, да имаат поголема толеранција и да бидат поотворени за барањата на другите заедници, прво на сите Албанци. Жално е тоа што на крајот да завршиме во ситуација на синџир на акции и реакции кои не помагаат во смирувањето на ситуацијата и движењето кон напред, но постојано произведуваат судир и конфронтација”, рече Мехмети.
Таа истакна дека не верува дека овие активности претставуваат предизборна кампања, со што ги повика партиите и политичките лидери да се ангажираат и да го преземат посериозно прашањето на етничкиот соживот во земјата.
„Ако политичката криза ВМРО - СДСМ е произведена пред една или две години, етничката криза тука има подолг век на траење. Решавањето на етничките проблеми е прашање што бара постојан третман. Ова треба да биде континуиран процес во нашето општество, кон кој треба континуирано да се стремиме за подобрување на квалитетот на соживотот, а не негово испровоцирање”, вели Мехмети.